Нов скандал ја тресе Судската власт во Република Македонија. ОхридСкај објави дека охриѓанка без положен парвосуден испит и без Лиценца за вршење на Адвокатска дејност, над две години работела како адвокат низ судовите во Македонија. Имено охриѓанката повеќе од две години работела како Адвокат, дури постапувала и била повикувана и за бранител-Адвокат по службена должност, застапувајќи лица кој немале можност да ангажираат приватно адвокат.
Лажната адвокатка била случајно откриена од судивка од Основниот Суд во Охрид, судијата Весна Кичеец, која на „адвокатката“ и побарала Адвокатска легитимација, а и се обратила по писмен пат со Барање до Адвокатската Комора на РМ, да се произнесат дали ова лице поседува Адвокатска Легитимација и дали истата е член на Адвкоатската Комора на РМ.
За настанот било известено и ОЈО Охрид, но од страна на Основниот Суд во Охрид едноставно Молк?!
Во ваков случај, според Закон, судот е должен да донесе решение со кое сите постапки каде како правен застапник се појавува лажната адвокатка, без оглед на исходот на сите спорови, да ги прогласи со решение за НИШТОВНИ, тоа требало Основниот Суд во Охрид, а и другите судови, до сега да го сторат, но зошто се молчи, останува да се произнесе Републичкиот судски Совет….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст