| четврток, 6 декември 2018 |

Отстрането дискриминирачкото известување за родилките во струмичката болница

Болницата за гинекологија и акушерство никогаш не вратила ниту една родилка која немала документи, и секоја, независно дали е венчана или не, во рок од 36 часа добива извод за новороденчето, изјави за „Макфакс“ директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, кој вели дека известувањето дека родилките мора задолжително да понесат извод од венчаните е утрово отстрането.

Според него, известувањето за кое имаше бурни реакции на социјалните мрежи и беше протолкувано како дискриминирачко го ставил некој од вработените веројатно без да размисли убаво за содржината.

„Струмичката болница е дел од проектот ‘Добредојде бебе’ и најодговорно тврдам дека никогаш не се случило некоја родилка да биде вратена бидејќи не поседува некој документ. Болницата на сите, без исклучок дали се венчани или не, во рок од 36 часа им издава извод на новороденчињата. Сметам дека известувањето беше протолкувано надвор од контекстот, но се согласувам дека не е соодветно напишано и утрово го тргнавме“, вели Гогов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top