| четврток, 6 декември 2018 |

Микис Теодоракис преживеа срцев удар

Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис преживеал срцев удар во петокот кусо пред полноќ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа.

Од саботата напладне е во добра состојба и вон животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top