| четврток, 6 декември 2018 |

Смртта на актерот се уште мистерија: Што правел Пол Волкер последниот ден од својот живот

Документарниот филм за животот на покојниот актер Пол Волкер за неколку дена ќе биде прикажан за прв пат. Во филмот “I Am Paul Walker” зборуваат неговите најблискки соработници, а посебно емотивен е разговорот со неговата мајка Шерил. Таа открива како изгледал неговиот последен ден.

Шерил вели дека Пол планирал вечерта да ја помине со ќерката со која требало да ја кити елката.

„Седевме опуштени дома, а нему одеднаш му стигна порака. Ја прочита и рече: „О Боже, заборавив дека вечерва имам нешто друго.“ Потоа истрча од дома и отиде на хуманитарен настан. Никогаш не се врати“, вели Шерил.

Во филмот се зборува за тоа како бил посебен, многу повеќе од обична филмска ѕвезда.

„Беше феноменален човек. Добив многу писма на поддршка од негови фанови, кои зборуваа како им го променил животот. Многу луше го сакаа и никогаш нема да го заборават, тоа е благослов за мене“, додава мајката на актерот, кој загина во 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top