| четврток, 6 декември 2018 |

Ајкула уби турист

Ајкула уби чешки турист во водите во близина на египетско одморалиште на Црвеното Море, објавија локалните власти.

„Инцидентот се случил во четвртокот, 20 километри северно од Марса Алам, популарна нуркачка точка, каде што има ајкули“- информираше портпаролот, Атеф Вагди.

Локалните медиуми претходно објавија дека делови од телото се пронајдени на плажа во Марса Алам.

„Чешката амбасада во Египет и египетското Министерство за здравство соработуваат со цел телото во најбрз можен рок да му биде предадено на семејството“- додаде Вагди.

Во 2015 година германска туристка загина при напад на ајкула во речиси истиот дел од Црвеното Море.

Друга Германка смртно настрадала во 2010 година, а претходните години четири туристи беа тешко повредени во напади на ајкули долж брегот на Шарм ел Шеик, најпопуларното египетско летувалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top