| четврток, 6 декември 2018 |

Поради педофилија Папата го исфрли сплитскиот фратар

Сплитскиот фратар Фрацијано Стипе Гашперов е исфрлен од редот на Фрањевците по лична наредба на Папата Франциск. Тој призна дека сексуално злоставувал малолетни момчиња, тврдејќи дека тоа била негова грешка.

“Папата го разреши свештеникот од сите обврски, кои произлегуваат од светиот ред, со што трајно му се забранува ставање сакрамент , поучување или каква било активност поврзана со црквата“ , се наведува во соопштението.

На 1 август стапи на сила забраната, информираат од католичката црква. Против свештеникот била поведена црковна истрага, која завршила на 11 мај, а по три дена документацијата и била предадена на Апостолската нунцијатура во Загреб. Било утврдено дека фратарот е виновен за злоставување на пет деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top