| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е можно: Јадете леб од кој ќе слабеете

Доколку сакате да ја доведете вашата линија до перфекција, а сакате да јадете леб, овој рецепт е вистинскиот избор за вас.

Палео лебот се добива со мешање на состојки во блендер и не содржи пченично брашно. Полн е со протеини и здрави масти, а одличен е да се јаде со лесни намази.

СОСТОЈКИ:
400 гр индиски ореви
8 свежи јајца
1/2 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
4 лажици кокосово брашно
50 мл вода по потреба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки освен водата ставете ги во блендер. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
Обложете калап за печење со хартија и печете во рерна еден час на 180 степени. Кога лебот ќе биде готов, нека остане половина час во калапот за да се излади.
Овој леб е полн со протеини и здрави масти.

Извор: готви.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top