| четврток, 6 декември 2018 |

Откако Дарко беше крвнички претепан, Ана се плаши дека ќе им ја киднапираат ќерката

Ана Севиќ стравува дека момците кои го претепаа нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ поради долг од 50.000 евра би можеле да ја грабнат нивната ќерка Лорена.

-Штом слушна дека Дарко крвнички е претепан, се исплаши дека некој може да им наштети на нивната четригодишна ќерка. Во паника е дека поради долгот на Лазиќ, би можеле да ја нападнат Лорена или дури и да ја грабнат. Ана никако не може да се смири, навечер не спие и постојано размислува за тоа. Посебно ја плаши дека Лазиќ би можел повторно да го нападнат пред ќерката, па и неа да ја повредат, вели добро информиран извор.

Според извор близок на пејачката, Ана после инцидентот веднаш му се јавила на Дарко да провери дали е добро.

-Му рекла дека стравува за Лорена, а тој ја убедувал дека се ќе реши и дека на секој начин ќе го заштити девојчето. И Дарко е потресен и исплашен за својот живот, така што се договориле малечката престојниот период да остане со мајка и.

Лазиќ беше брутално нападнат и истепан во средата навечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top