| четврток, 6 декември 2018 |

Одлучено каде ќе се роди првото внуче на Брена и Боба

Александра и Филип Живојиновиќ одлучија нивното прво дете да се роди во Америка за да добие американско државјанство, пренесува „Курир.рс“. Наследникот на тенискиот ас Слободан Живојиновиќ сака пејачката да се породи во Мајами, каде што семејството Живојиновиќ поседува куќа, открива извор близок на новопечената брачна двојка.

Александра ужива во бременоста. Засега нема мачнини и се чувствува одлично, затоа сè уште настапува. Среќна е и насмеана, а мажот и’ во сè и’ удоволува. Откако дознаа дека ќе станат родители, и таа и Филип се пресреќни и почнаа да кројат планови за иднината на своето дете. Иако во Белград постојат одлични услови за породување, брачната двојка одлучи нивното прво дете да се роди во САД за да добие американско државјанство, кое Филип веќе го поседува, земајќи предвид дека студираше и работеше во Флорида“, открива изворот, и додава дека синовите на Брена и Боба – Стефан и Виктор – се токму од таа причина родени во САД.

Сите наследници на Боба го поседуваат најпосакуваниот пасош на светот, па нема причина тоа да не биде случај и со првото внуче. Терминот за породување на Александра е во јануари, а кон крајот на годинава ќе отпатува во Мајами, каде што семејството има куќа, и таму ќе престојува до породувањето.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top