| четврток, 6 декември 2018 |

Новак и Јелена Ѓоковиќ се селат на село во Војводина

Новак и Јелена Ѓоковиќ изградија викендичка на село во близина на Рума, Војводина. Она што посебно му било важно на популарниот тенисер е куќата да биде опкружена со природа, па затоа избра зеленило скриено далеку од очите на јавноста. Идејата да изградат оаза на мирот во Војводина била на неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ, кој сакал целото семејство на одмора покрај езерото.

„Јелена и Новак неизмерно му се радуваат на повремениот живот во Рума, каде што изградбата на нивната куќа е при крај. Тие веќе му зборуваа на својот син Стефан за големиот двор во кој ќе плива со татка си во базен, а природата ќе и’ годи и на малата Тара. Куќата покрај езерото ќе им биде идеална за одмор“, раскажа добро упатениот извор за „Стори.рс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top