| четврток, 6 декември 2018 |

Лазо Велковски: Џипот ја киднапираше ќерка ми и ја однесе во Грција

Директорот на Бирото за Јавна Безбедност, Лазо Велковски, утринава испрати демант на написите објавени во медиумите во кои се тврдеше дека неговата ќерка е на одмор во Грција со неговиот службен џип.

-Нема никаква злоупотреба на службената положба, џипот со марка „Ренџ Ровер“, со регистерски таблички СК-9559-АЛ, без мое знаење ја киднапирал мојата ќерка заедно со нејзините другарки и ја однел во Грција во кампот „Евридики“ – стои во демантот на Велковски кој утринава пристигна до медиумуте, Велковски додава дека во моментот заедно со колегите од грчкото МВР организираат потера по Ренџ Роверот и дека се надеваат оти многу брзо девојките ќе бидат ослободени.

Ги замолувам медиумите да не објавуваат за случајот, затоа што така ја отежнуваат истрагата и му овозможуваат на џипот полесно да избега. Престанете да објавувате веднаш, ако не, ќе ви поднесам кривична пријава за говор на омраза – им порачува директорот на БЈБ на новинарите.

Велковски додава дека неговото семејство многу тешко ги прима написите во медиумите, затоа што, како што вели, додека тој се грижи за животот на своето киднапирано дете, некои таму новинари го обвинуваат дека правел злоупотреба на функциојата.

-Се е ова во служба на обидот на Мицкоски да издејствува амнестија на Груевски, мислам дека и Џипот е пратен од нив и сега ќе не уценува „Или амнестирајте го Груевски, или децата нема да ги вратам“– стои на крајот на демантот на Велковски.
Инаку ова не е прв инцидент предизвикан од возило на МВР. Претходно пајак претепа полицајка.

Луди Чифут

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top