| четврток, 6 декември 2018 |

Адам Пити постави нов светски рекорд на 100 метри градно

Британскиот пливач Адам Пити постави нов светскиот рекорд на 100 метри градно на Европското првенство во пливање во Глазгов.

Пити, кој во истата дисциплина го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио, исплива со време од 57 секунди, а неговиот сонародник Џејмс Вилби го освои среброто со време од 58 секунди и 54 стотинки.

Трет заврши рускиот пливач Антон Чупков со време од 58 секунди и 96 стотинки.

Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Пити и го постави пред две години на Олимписките игри во Рио. Тој новиот рекорд го подобри за 13 стотинки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top