| четврток, 6 декември 2018 |

Следното проширување на ЕУ во 2025 година

evropska unija

Иако своевремено, 2018-та година делуваше како реално време за пристапување на Западен Балкан во Европската унија (ЕУ), сега тоа повеќе не е случај, се вели во анализата на Дојче Веле, во која се нагласува дека неофицијално се споменува бројката од „три нови членки во следните десет години” или, пак, „целиот регион во периодот од 2025-та до 2030-та година”.
Десет години по Солунската декларација со која Европската унија ја потврди европската иднина на Западен Балкан, претставниците на ЕУ повторуваат дека обединувањето на Европа нема да биде комплетно без целиот Западен Балкан. Но истовремено, тие не сакаат да прогнозираат или, пак, да даваат „лажна надеж” околу тоа кога ова би можело да се реализира.
Членството во ЕУ постанува сé посложен процес, а атмосферата и расположението во самата Унија не оди во полза на процесот на проширувањето.
– Сега не е време за смели одлуки, вели Марија Елени Копа, известувач на Европскиот парламент.

Таа наведува дека по влегувањето на Хрватска во Унијата, во моментот потребно е да се работи на внатрешна консолидација на самата Унија, а тоа значи дека новото проширување најверојатно нема да се случи во оваа декада.
Како претставник на грчките европарламентарци, Копа потенцира дека поголем дел од нив веќе се откажале од некогашната иницијатива на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, и дека фокусот кон Западен Балкан би можел да се врати за време на следното претседавање на Грција со Унијата, а тоа е во првата половина од наредната година.
– Во моментов, реално е да се надеваме дека во тој период ќе можеме да ги започнеме преговорите со Србија, а во декември очекува и Албанија да стане земја-кандидат за членство. За останатите, не се предвидени некои поважни случувања – вели Копа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top