Македонските државјани кои се на привремена работа во Германија и оние кои планираат да продолжат да живеат во оваа земја се во исчекување на конечно стапување во сила на мерката, која ја договараа двете влади за взамно признавање на возачките дозволи.
Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА велат дека договорот треба да биде потпишен наскоро, но не прецизираат кога тоа точно би се случило.
Македонската Влада на 26 јуни ја усвои декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија.
– Јавноста ќе биде соодветно известена за конечниот термин за потпишување на заедничката декларација за признавање на возачките дозволи, откако двете страни ќе го договорат терминот, велат од МВР за МИА.
По интензивната комуникација меѓу македонското МВР и германското Министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура за признавање и замена на возачки дозволи во мај се изврши усогласување на заедничката декларација.
Со стапување во сила на декларацијата македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија нема да имаат потреба од меѓународна дозвола, а македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија наскоро на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.
Ќе бидат признаени возачките дозволи на сите полнолетни лица со важечки дозволи. Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.
Декларацијата за признавање на возачките дозволи требаше да биде потпишана уште во февруари годинава за време на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин.
Но, тоа не се случи поради технички проблеми во преговорите. Главниот проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи – нешто што за германската страна беше неприфатливо.
– Проблемот е што во Македонија се бара лекарско уверение при полагањето за возачка дозвола, а во Германија не, појасни тогаш Заев и додаде дека билатераните договори мора да се базираат на реципроцитет, односно мора да значат меѓусебно практикување на ист основ.
Откако декларацијата ќе биде потпишана македонските државјани во Германија повеќе нема да има потреба да полагаат теоретски и практичен тест, нема да има потреба да посетуваат преглед за вид.
Македонските државјани во Германија во моментов со македонска возачка дозвола смеат да возат само во првите шест месеци од пристигнувањето. Потоа треба да полагаат за возачка дозвола, а цената е околу 1.500 евра.
Македонија досега има реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор со Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во тек е склучување вакви билатерални договори со Косово, Турција, Германија, Велика Британија.
Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка со Австралија и Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст