| четврток, 6 декември 2018 |

МВР за Нетпрес: Да, тоа е службен џип на МВР, ќе истражиме кој го користи

Министерството а внатрешни работи ја потврди информацијата на редакцијата на НетПрес дека во Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но коешто се користи во приватни цели. НетПрес објави фотографии и видео од Грција од теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” кој во моментовго користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани, одговорија од МВР.

Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патишта? (ФОТО+ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top