| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи реизбран за претседател на ДПА

Мендух Тачи на денешниот семди конгрес на Демократската партија на Албанците, кој се одржа во Тетово, беше реизбран за претседател.

Тој пред присутните истакна дека ДПА во периодов што следи ќе се залага да се имплементира Договорот за името со Грција кој, како што рече е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските интеграции.

– Договорот со Грција е многу важен за Албанците, затоа што сме ние и за ЕУ и за НАТО. Сега во Македонија многу луѓе велат и мислат дека договорот нема да помине. Јас само можам да им порачам да бидат мирни, затоа што овој Догвоор ќе помине со оглед на фактот дека тој е најголемата капитална инвестиција на државата, а ние сме на границата на егзистенција и само со него односно со влез во ЕУ и НАТО можеме да опстанеме, рече Тачи.

Тој смета дека Албанците сеуиште ги немаат остварено основните права, пред се во економска смисла, затоа што според него, одлуките во државата не се донесуваат консензуално, нема рамноправна распределба на буџетот, а општините се децентрализирани во политичка, а не во фискална смисла.

– Многу албански граѓани гласаа за СДСМ односно за македонска партија. Јас сега ќе ги прашам дали живеат тие подобро. Не, Албанците во економска смисла живеат многу лошо. И можеби како Албанци имаме индивидуална благосостојба, но немаме колективна благосостојба. Бадијала ќе ни биде интегрирањето во евроатлантските структури ако во државата немаме консензуален начин на донесување одлуки, како што е и во ЕУ, рече лидерот на ДПА, Тачи.

За време на седмиот конгрес го избра новото претседателство на партијата. Беа избрани нови пет потпретседатели. Имер Алиу беше избран за нов генерален секретар на партијата, а Илјаз Халими за пртседател на Централно собрание.

Беше изгласана и резолуцијата на паратијата која во себе има неколку точки, пред се за побрзо членство на Македонија во ЕУ и НАТО и целосна еднаквост на Абланците во системот преку механизам на целосен конзензус во донесување на одлуките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top