Група од 46 Македонсци биле измамени од извесен Иван Иванов , кој зборувал со нив преку вибер на Бугарски . Платиле за да работат во Германија , а останале на улица да го чекаат автобусот, објави канал 5.
Доцнењето на автобуост во првите 15тина минути на почеток не ги загрижило патниците, кои требало да тргнат на пат за Германија каде требало да работат во фабрика за салвети. По два часа чекање, виделе дека се измамени, ниту дошол автобус, ниту организаторот за работата во Германија. 46 луѓе преку интернет оглас се пријавле за работата. Секој од нив пријавувањето и патот го чинело 100 евра. Габриела Ангеловска дала и отказ од работа.
Лицето за контакт бил Иван Иванов и говорел бугарски јазик, комуницирале на вибер, но лично не го виделе. Тој им дал сметка од банка каде ги уплатиле парите.
Денеска во полиција го пријавија случајот. Веруваат дека изманикот ќе биде приведен, а тие со порака да бидат внимателни со интренет конкурсите за работа во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст