Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска.
- Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи – пишува Мицкоски.
Тој додава дека суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби.
- И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот. Но чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. А непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер – вели Мицкоски.
Влада чија главна задача се делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зациментира небиднина, завршува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст