Некоја чудна тишина се беше надвила над скопско Љубанци. Мештаните со шепот ја пренесуваа веста дека 37-годишниот македонски државјанин, кој заедно со уште тројца странци беа киднапирани и убиени во авганистанскиот главен град Кабул, е всушност нивниот Иле. Локалните власти од Кабул веќе го потврдија идентитетот на загинатите, меѓу кои и Илија Мерџановски.
-Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени. Ги пронајдовме нивните тела, изјави за Ројтерс, Хашмат Станеџаи, портпарол на шефот на полицијата во Кабул.
Според авганистанската полиција, македонскиот државјанин имал 37 години и патувал на работа со локален шофер. Заедно со неговите колеги биле киднапирани во периферијата на Кабул, а подоцна телата им се пронајдени во автомобил оставен во областа Мусаши.
Она што се уште дава лажна надеж е тоа што македонското Министерство за надворешни работи, вчера додека екипа на Вечер беше во посета на родното село на Мерџановски, не ја потврди информацијата, велат жителите на Љубанци.
– Дај боже да се потврди дека е неточно. Еве, први соседи сме, а немам сила да појдам да им пружам рака за сочувство. Ова е трагедија. Илија и неговиот брат се израснати без татко, еве сега и неговите две дечиња останаа без родител, вели за Вечер еден од жителите кој заедно со уште двајца соселани беа покрај селската чешма. Неверување и тага и покрај куќата на неговите блиски. Во дворот ширум беше отворена капијата, а пред влезната врата стоеја неколкумина облечени во црнина. Беше премногу болно да влеземе, па затоа се упативме кон рибникот на крајот од селото, каде што Илија планирал да продолжи со бизнисот кој го започнала пред три години.
И таму не пречека траорна тишина. Капијата пред познатиот ресторан беше затворена, а масите и столиците превртени. И кучето што се врткаше околу капијата не лаеше на странци. Истовремено и чудна и тажна атмосфера.
– Судбина деца, Илија си отиде баш на именденот. Му го одзедоа животот на Свети Илија. Сигурно тие туѓинци, безбожници и не знаат за овој свет празник, но ако има бог, ќе им плати што го убија на правдина, рече една повозрасна жена која ја сретнавме на заминување од селото во близина на селската продавница.
Прочитајте го целиот текст во ВЕЧЕР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст