| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на средба со амбасадорката Галовеј: Ѝ образложив дека соочуваме со неодговорна и непринципиелна политика од страна на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација вчера остварија прва работна средба со амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

  • Ѝ посакав добредојде на амбасадорката и посочив дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно политички план се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со Обединетото Кралство. Ѝ образложив дека Република Македонија и нејзините граѓани се соочуваат со неодговорна и непринципиелна политика од страна на власта, државата и граѓаните се заложници на коруптивното владеење и неспособноста на власта да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на европските стандарди – изјави денеска Мицкоски.

Мицкоски на амбасадорката Галовеј и искажал незадоволство од формулирањето на референдумското прашање за кое власта одби консензус со опозицијата.

  • Самоволието кое што парламентарното мнозинство го демонстрираше за вака важно прашање е неодговорен и антидемократски чин – вели Мицкоски, додавајќи дека Република Македонија е клучно да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top