| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија „априлија“ и „фолсваген“, двајца повредени во Скопје

Вчера попладне на крстосницата од улицата „Џон Кенеди“ и улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистерски таблици, управувано од Љ.И.(24) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со скопски регистерски таблици, управуван од С.Б.(54) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи  кои  со друго возило  биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај С.Б. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Љ.И. телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top