Вчера околу 14,30 часот на магистралниот пат Штип-Велес, поточно на место викано Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од С.Р. од Р.Србија, и товарно моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано од Р.К.(58) од с.Дамјан-радовишко, соопшти денес МВР.
Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од товарното моторно возило „Мерцедес“ Д.Д.(22) и С.Д.(28) и двајцата од Штип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.