| четврток, 6 декември 2018 |

Бил на одмор: Американец исчезна во Словенија

На дваесет и петгодишниот Џонатан Ласкин од Висконсин веќе неколку недели му нема траг. Тој бил на одмор во Словенија, а неговото исчезнување го пријавиле родителите кои стравуваат дека нивниот син би можел да е тешко повреден додека планинарел во таа земја.

Ален Ласкин и Сузан Стоун во јуни патувале заедно со нивните синови Ален и Џонатан, во Австрија и Германија, по што Џонатан одлучил да продолжи со патувањето во Словенија, додека останатите членови од семејството се вратиле во САД.

Американската телевизија WISN-TV навела дека Џонатан Ласкин на 22 јуни, по доаѓањето во Словенија, му рекол на пријателот дека има план да планинари во Националниот парк Триглав. Неговата мајка рекла дека откако неколку недели не се слушнале, го пријавила неговото исчезнување во американскиот Стејт департмент.

Од таму за Еј-Би-Си соопштиле дека локалните власти работат на пронаоѓање на Ласкин, кој работел како наставник во Хонгконг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top