| четврток, 6 декември 2018 |

Путин назначи нов амбасадор на Русија во Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.
Не се посочува причината за смена на амбасадорот Олег Шчербак кој на таа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top