Сафаа Булар , 18 годишна терористка е осудена на доживотен затвор , а најмалку на 13 години поради планирање напад во Лондон заедно со нејзината мајка и сестра . Таа го планирала нападот откако била спречена да му се придружи на еден припадник на Исламската држава во Сирија.
,,Сите три жени беа полни со омраза и отровна идеологија и беа решени да извршат терористички напад.” изјави Дин Хајдон, националниот антитерористички координатор во британската полиција.
Полицијата на тајна задача ги снимиле телефонските разговори на трите жени во кои за нападот зборувале како ,,чајанка” и ги следела мајката и ќерката додекас е возеле низ центарот на Лондон во април 2017 година. Полицијата верува дека тогаш ги проверувале можните цели на нападот.ж
Пред два месеца 22 годишната сестра Ризлен Булар беше осудена на доживотен затвор со минимално 16 години , додека мајката , 44 годишната Мина Дич е осудена на 11 години и 9 месеци затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст