| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на одмор во Охрид, повеќето министри во Грција

Премиерот Зоран Заев од годишниот одмор ќе искористи неколку денови во следниот период, а ќе ги помине со семејството во Охрид, неговиот заменик и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски замина на одмор во Црна Гора, а заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде седум дена на одмор во Грција со семејството.

Како што соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев дел од својот годишен одмор ќе го искористи со своето семејство во Грција, додека вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со сопругата и децата ќе биде на одмор до осми август.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе биде на одмор десетина дена во август, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе оди на одмор десет дена со сопругата и децата во Грција, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски наредните десеттина дена со семејството ќе престојува во Грција. Во Грција ќе замине и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со семејството.

Министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде на одмор до 12 август со сопругата и децата во Струга, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе летува во Турција 10 дена, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски нема да користи годишен одмор, туку ќе оди на продолжени викенди во Грција и во Охрид со семејството, министерот Едмонд Адеми задолжен за дијаспора денеска заминува една седмица во Грција, министерот без ресор Зоран Шапуриќ годишен одмор ќе користи до 10-ти август со сопругата во Италија, а министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил е со семејството на одмор во Турција.

И министерот за култура Асаф Адеми заминува на одмор со семејството во Турција, министерката Зорица Апостолска од 20 август ќе биде во Отешево, во својата викендичка, министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути годишниот одмор ќе го користи од 6 август и десеттина дена ќе помине во Албанија, заедно со сопругата, министерот за земјоделство Љупчо Николовски на годишен одмор ќе замине во Хрватска и ќе престојува неколку денови, додека министерот за здравство Венко Филипче до 13 август ќе оди на одмор со семејството во Охрид, а можно е да искористи и неколку денови за кратко патување до Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top