Најдобрите светски диџеи, Dimitri Vegas и Like Mike, Jax Jones и Roger Sanchez и Armin van Buuren ќе настапат на годинешното издание на музичкиот фестивал „Ohrid calling“ 2018 што ќе се одржува од 1 до 4 август во Охрид. Ѕвездите ќе настапат на најголемиот концертен подиум во регионот, поголем и од тој на „Егзит“ кој од денес се поставува на стадионот „Билјанини извори“.
-Оваа година имаме водечки имиња од светската електронска сцена. Исто така имаме лајнап од десеттина светски познаи артисти од САД, Норвешка, Данска, Белгија, Македонија и други. Очекуваме туристи од сите страни на светот– вели Ивана Нолчева.
Познатите диџеи во Охрид ќе престојуваат по еден ден и веднаш по настапот заминуваат за друга дестинација, бидејќи имаат набиена летна агенда. Нивната рајдер листа е вообичаена, велат од Авалон продукција, од каде најавуваат спектакуларни три фестивалски денови во Охрид.
-Покрај звукот и специјалните ефекти, настапите на диџеј ѕвездите ќе бидат пропратени и со спектакуларен огномет и пиротехника.Интересот за фестивалот е фантастичен. Оваа година за прв пат, покрај локалните продажни сервиси на карти и Балканот, за прв пат Ohrid Calling ќе се продава и на онјалјн тикет сервиси во Европа. – подвлече Денис Илиоски
Фестивалот Ohrid Calling се одржува трета година по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.