| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ: Нема да се градат 60-катници кај „Холидеј ин“

Нема шанси да се градат три 60-катници на паркингот кај „Холидеј ин“, како што вели директорот на АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор (АДСДП) Кристијан Трајковски, вели за Сдк.мк градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Градоначалникот на Општина Центар вели дека 60-катниците нема да се градат бидејќи тој Детален урбанистички план во моментов како и останатите планови е под мораториум, односно се вршат измени со кои ќе биде намалена катноста на објектите кои се предвидени на тој простор.

-Акционерското друштво не може да гради 60-катници оти нема градежна дозвола ниту ќе добие за објекти со толкава висина. Во моментов работиме на плановите и тука имаме чиста ситуација, на овој простор нема издадено градежна дозвола што значи може да се намали катноста. Со цел да овозможиме хумани услови на жителите на Центар тоа ќе го направиме, вели Богдановиќ.

Три 60-катници кај Холидеј ин, а ќе се гради и во Аеродром, Центар и Кисела Вода

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top