| четврток, 6 декември 2018 |

На 16 февруари 2017 последен пат ја видов присебна: Ѝ велеа дека има ишијас – беше во 7 месец и имаше тумори по целото тело

Загрепчанката Ана Мари Љутиќ, 38-горинша мајка на две момчиња (3,5 и 1,5 години), има тумор со метастази по целото тело и се бори за живот. Покрај многубројни циклуси на хемотерапија, Ана Мари секој ден мора да испие по 16 таблети, а сето започнало во почетокот, раскажува за Индекс.хр сопругот на Ана Мари, Дино, кој сега се грижи за децата и за сопругата, која во текот на болеста ја изгубила способноста да пишува и да чита, а се уште учи да зборува.

-Беше бремена месец и пол кога почна да ја боли грбот. Отиде на лекар, ѝ препишаа мирување во бременоста, наведувајќи дека болките во грбот се нормални во бременост. Отидовме во Ребро, и таму ѝ рекоа дека е најверојатно ишијас, дека ќе ѝ помине и дека не можат да направат магнетна резонанса, зашто тоа ќе му наштети на бебето. Отидовме во КБ Дубрава по второ мислење и таму ни го потврдија истото. Така трпеше страшни болки се до седмиот месец кога станаа неиздржливи, почна да се губи и да паѓа во бессознание од болки. Отидовме во Петрова, зашто ѝ беше страв за бебето.

Зголеменото ниво на калциум во крвта лекарите го припишале на создавањето млеко, но тоа било последица на распаѓањето на коските. Потоа – на 16 февруари 2017 година Дино последен пат ја видел жена си присебна.

-ГО прегледаа бебето, беше добро. Не испратија на Ребро, зашто се сомневаа во малигна болест. На Ребро ѝ поставија дијагноза рак на дојка со метастази на карлицата, црниот дроб и лимфните јазли и едем на мозокот, а покрај тоа доби и епилептични напади. Истиот ден ја породија и тоа на Ребро. Пред операцијата хирургот ме предупреди дека ќе се обидат да го спасат детето, а за сопругата не може да гарантира и да се подготвам за најлошото.

Бебето се родило со 2,7 килограми и успешно се изборило за живот иако е родено како невролошки ризично дете со крвавење во мозокот од прв степен, а на интензивна нега добило и бубрежна инфекција која за бебе во таква состојба е животозагрозувачка.

Целата приказна ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top