| четврток, 6 декември 2018 |

БМВ: Не отвораме фабрика во Македонија, ги имате Заев и Анѓушев

Германскиот автогигант БМВ ќе отвори фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра, како што соопштија медиумите од Германија и Унгарија пред неколку дена.
Оваа одлука дојде како шок за многумина во земјава, имајќи предвид дека Владата на Република Македонија најавуваше економски бум со промената на името, а наместо во Македонија, ваква фабрика вредна колку третина годишен буџет на Македонија се отвора во Унгарија, земја која според обожавателите на Заев и Владата, е владеена од недемократот и диктатор Виктор Орбан.
Но, од германскиот мото-гигант веднаш ги појаснија работите околу нивната одлука.
„Одлучивме да инвестираме една милијарда евра во Унгарија и да вработиме илјадници луѓе затоа што таа земја има потреба од помош, таму владее Орбан и тешко дека граѓаните ќе видат просперитет ако не им се помогне. Од друга страна во Македонија имате врвни политичари и економисти како Заев и Анѓушев со кои економскиот раст ви е загарантиран и нема апсолутно никаква потреба од наша инвестиција“, велат од БМВ и порачуваат:
„Граѓани на Македонија, да немате гајле, не ви требаат нашите милијарди, иноваторите и стратези Заев и Анѓушев ќе ве водат во светла иднина. Впрочем, ние би биле пресреќни доколку на чело на нашата компанија имавме такви луѓе какви што имате вие и за тоа ние искрено ви завидуваме“.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top