| четврток, 6 декември 2018 |

Идната година Илинден ќе се слави на четири локации – Скопје, Пелинце, Крушево и Муртино

Идната година големиот македонски празник Илинден ќе се одбележува на четири, наместо на три локации како досега.
Вообичаената пракса досега подразбираше одбележување на Илинден на три локации – во Скопје пред споменикот на АСНОМ, во Пелинце пред меморијалниот центар на АСНОМ и во Крушево, на Мечкин Камен. Но, од наредната година прославата ќе биде збогатена за уште една манифестација – голема прослава во Муртино, во чест на новиот илинденски великан господинот Зоран Заев.
Прославата во Муртино ќе се одржува во чест на авторот на предлогот за промена на името Република Илинденска Македонија, Зоран Заев.
Овој потег на Заев го вброи меѓу жртвите и великаните на илинденската идеја. Неговата судбина е уште помаченичка од таа на Карев, Даме и Питу Гули бидејќи Илинденската република траеше цели 10 дена, додека пак предлогот Илинденска Македонија на Заев траеше 20 минути, после што беше крваво задушен од Грција и Алексис Ципрас.
Самиот премиер на прославата оваа година повика да бидеме храбри како Илинденците и да го смениме името на државата со визионерски и прогресивен дух бидејќи ако нивната битка била да гинат за интересите на Македонија против многу поголеми сили од нив, нашата смела и храбра битка е да го прифатиме бришењето на Македонскиот идентитет како што Грција бара од нас.
Поради ваквите прогресивни ставови се очекува идните генерации масовно да го слават Илинден и во Муртино, родното место на овој наш современ гениј и голем лидер и господин, Зоран Заев.

На Пипи подолгиот

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top