| четврток, 6 декември 2018 |

Пред крајот на летото – второ прскање против комарци

Град Скопје соопшти дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, која опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја. Авионската дезинсекција ќе се изврши на 6 август (понеделник) во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција на 7 август (вторник) во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Воедно, од Град Скопје посочуваат дека пчеларите треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top