| четврток, 6 декември 2018 |

Лош ден за Биковите, шок за Лавовите, Стрелците херои, но Водолиите…

Овен
Денес партнерот ќе ви предложи заедничко патување и тоа веројатно на некое место кое вие многу сакате да го видите. Немојте да се двоумите да прифатите поради стравот дека нема да имате пари или дека некои обврски ќе останат занемарени поради тоа. Удоволете си себеси и опуштете се. Вие дефинитивно тоа го заслужувате.

Бик
Денес ќе бидете навредени. Ваш пријател има проблем кој не е нималку лесен. Вие ќе сакате да му помогнете, а тој ладно ќе ви одговори дека за тоа не сака да разговара. Немојте ова да го сфатите лично, туку имајте трпение. Кога ќе може, тој се ќе сподели со вас.

Близнаци
Патот кон целта кон која сте тргнале со голем ентузијазам нема да функционира онака како што вие сте замислувале. Можеби ќе треба да го одложите на некое време. Посветете се на нешто друго, а ова одложете го за некое поповолно време.

Рак
Конфузија ќе владее денес и вие никако нема да можете да се средите и да ги решите задачите кои ги имате. Обратете се некому за помош кој е стабилен и доверлив и кој сака да ви помогне. Вие едноставано денес не сте расположени. Немојте себеси да се осудувате поради тоа.

Лав
Близаок пријател или некој роднина ќе ви соопшти дека сака да се пресели и ќе бара совет од вас. Тоа би можело емотивно да ве разори. Обидете се да не бидете себични и на таа личност да и дадете добар совет, па дури и да останете без неа. Секој има право својот живот да го живее онака како што сака.

Девица
Денес ќе ги соберете наградите од напорот кој го вложувавте минатиот месец, па не бидете скромни. На работното место малку сте остри со зборовите и осудувачки настроени, па ако успеете да ги контролирате овие импулси, ќе имате успешен ден. Во љубовта не избрзувајте. Се правете со претходно осмислена тактика.

Вага
Импулсивноста денес може да ви ги разниша односите со семејството и пријателите. На работното место прифатете ги компромисите кои ви се нудат. Нервозата може да се одрази на финансиите, па внимателно со купувањето. Во љубовта нека преовладаат емоциите над рационалноста.

Скорпија
Повеќе слушајте ги луѓето околу вас, ќе откриете важни информации и решенија на проблемите кои ве мачат. На работното место не се плашете да се покажете како лидер. Скромноста оставете ја за друга прилика. Во љубовта сте заштитнички настроени кон партнерот и тоа ќе ви донесе само пофалби.

Стрелец
Вашиот партнер или близок пријател денес ќе биде во негативно расположение. Вие ќе се обидете таа личност да ја спасите од таквата состојба. Најдобро би било да ја однесете на некоја забава, настан или да погледнете со неа интересен филм. Ако прво ве одбиете, не прифаќајте не како одговор! Ова и нејзе како и вам многу ќе ви годи.

Јарец
Губите премногу време и нерви на луѓе кои ви ја црпат енергијата. Научете да се оддалечите на културен начин. Деловниот потенцијал ќе ви биде стимулиран од тимската работа, па затоа не се изолирајте сами. Во љубовта сте полни со оптимизам. Искористете го за да иницирате состанок и зближување.

Водолија
Ова е добар ден да ги промените нездравите навики, пред да се соочите со последици. На работното место имате одлични вештини за убедување и треба да ги искористите во дискусиите со надредените. Креативноста нека ви биде водич во љубовта. Не дозволувајте монотонијата да ви ја расипе среќата.

Риби
Денес шансите сами ќе ви се насмевнуваат на секое поле, па не бидете лошо расположени и индиферентни. На работното место потпрете се на интуицијата – таа ќе ви донесе финансиски успеси. На поле љубов прифатете ги недостатоците на партнерот, само така ќе постигнете хармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top