Два автомобили рано утринава беа запален во Скопје.
Како што информира Противпожарната бригада на град Скопје, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари. Пожарот, од кој била предизвикана штета од 150.000 денари, бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот.
Второто возило било запалено на улицата „Мирослав Крлежа“ бб и во неговото гасење во периодот од 4:05 до 5:10 часот утринава, исто така, учествувало едно противпожарно возило со четворица пожарникари. Штетата што е предизвикана од вториот пожар засега е неутврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст