Вчерашниот инцидент на Мечкин Камен, кога народот насобран на прославата на Илинден ги исвирка претставниците на владата и ги испрати со погрдни зборови, нарекувајќи ги „изроди“, „предавници“, „апаши“, МВР ќе го заокружи со „идентификација на сторителите“.
Настанот го коментира Александар Пандов, кој предупредува дека покажување сила на народ не завршува на арно и потсетува како помина Бранко Црвенковски во 1997 година.
„Да бидеш свиркан, плукан и пцуен на Мечкин Камен од сопствениот народ, да те нарекуваат предавник и апаш пред толку камери како што беа денес владините првенци, истите да имаат основно чувство на срам и достоинство тие би се повлекле. Но пошто овие не знаат за срам, а и на Заев му се арни, како најголеми бедници од позиција на хунта, ќе ги апсела свиркачите. Исто ко Бранко 97. Толку покажување сила и мускули на народот нема да ви заврши на арно. Гледам сте успеале да ги обедените и сите навивачки групи против вас. Чукнете со главите и размислите што правите, црно ви се пишува, а и пред референдум сте!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст