| четврток, 6 декември 2018 |

Ова лето во Македонија имаше повеќе дожд отколку сонце

Повеќе облаци и дожд, отколку сонце. Вака изгледа летото во нашата земја. Дождови и силен ветер зафатија неколку градови низ Македонија. Нестабилно време ќе преовладува и утре, велат од УХМР. Лена Јовановска од УХМР вели дека нестабилното време зависи од поставеноста на воздушните маси.

Славчо Поповски на социјалните мрежи го предвидува времето. Тој ги предвиде поплавите во 2016 година што се случија во Скопје и околината, и неговите прогнози се речиси секогаш точни. Што се однесува до обилните дождови, тој вели дека не станува збор за климатски промени туку за нормален процес на ладење на земјата.

Светските научници велат дека глобалното затоплување предизвикало високи температури во Северна Европа. Со недели екстремното невреме ја погоди цела Европа, од Грција преку Северна Америка па се до Јапонија.

Утре во Скопје се очекува дожд во попладневните часови и послаб ветар. Температурите ќе се движат од 23 до 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top