| четврток, 6 декември 2018 |

Илинденски цени на лежалките во Охрид

На Илинден поскапеа лежалките на некои охридски плажи. Ако минатиот викенд цената за изнајмување една лежалка на плажата „Немо“ изнесуваше 150 денари, денеска изнесува 250, објави Женски магазин.

Така, да се изнајмат две лежалки и чадор и да се испијат две пива, денска во Охрид беше жив луксуз од 680 денари.

Цените на пијалаците на плажите се исти како и лани, пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top