| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Сакаме во ЕУ и НАТО, но со своето име, достоинство и чест

Според Иванов, македонските граѓани се сплотени околу идејата за членство во ЕУ и НАТО, но таму сакаат со своето име, достоинство и чест.

– Верувам дека народот е доволно зрел и мудар да ја одбере својата иднина. Да ја чуваме независна Република Македонија, нема ништо повредно од тоа, рече Иванов, нагласувајќи дека ниту еден политичар нема мандат да тргува со идентитетот на народот.

Ниту една генерација, дополни, вклучително и нашата, не може да тврди дека со и од неа почнува се. Нацијата и државата се создадени од многу генерации, низ историјата.

– Ако Тајванскиот договор беше резултат на среброљубие, Грчкиот е резултат на славољубие. Ако со Тајванскиот договор се направи обид за редефинирање на територијата, со Грчкиот се редефинира државата. Се зборува за владеење на правото, а се врши правно насилство. На некои политичари, како да им е побитна личната слава од достоинството на нашиот народ, рече Иванов.

Осврнувајќи се на Грчкиот договор, потенцира дека е лага дека со него се менува само името.

– Напротив, се менува и македонскиот државен национален идентитет, се погазува 74-годишното право на самоопоределување, се бриши државно-правниот идентитет, 27-годишната историја на државата. Лага е дека се гарантира членството во ЕУ и НАТО зашто без вистински реформи, броба со корупцијата и партискиот клиентелизам, нема евроатлантски интеграции. И да се смени уставот, члеството не следува по автоматизам. Со прифаќање на Грчкиот договор се деградираат нашите права во ОН, стануваме потчинети и зависни од Грција. Лага е дека се јакне македонскиот идентитет, а всушност правно се укинува македонскиот народ, нагласи шефот на државата.

И порано се обидувале да ни накалемат туѓ идентитет, но не успеале. Сега, рече Иванов, не убедуваат сами себе да се укинеме, македонскиот народ да изрши правно и историско самоубиство.

– Големо е името, ќе поскаат да ни го земат, рече конески, а со договоорт сами го даваме. Останувам доследен и принципиелен – не го прифаќам Грчкиот договор кој е на штета на македонскиот идентитет. Без македонски народ општото добро ќе биде сведено на ничие и секој ќе може да го разнебитува, а земјата ќе стане ничија. Без македонскиот народ, нема македонска република. Каков е тој просперитет без идентитет, без слобода да се наречеме со нашето сопствено име, посочи претседателот и апелира да се спречи злоуптребата на власта за теснопартиски, линчи интереси, како и да не се сквернават нашите стратегиски определби за ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top