| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во хидроелектрана во БИХ, тројца загинати

Три лица загинаа во хидроелектраната Уна Костела кај Бихаќ во БИХ денеска околу 13.20 часот. Како што јавува босански Кликс дошло до експлозија поради протекување гас.

Едно лице е во критична состојба. Повеќе информации по уводот, кој е во тек.

-Со излегување на терен, констатирано е дека дошло до протекување гас во објектот каде што работниците на Електродистрибуција БИХ најверојатно работеле на ремонт на постројката, велат од бихаќката полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top