| четврток, 6 декември 2018 |

МВР се сомнева во мајката: Кривична за мајката на претепаното бебе

Мајката на 14-месечното бебе кое со скршеници на главата и нозете беше донесено во ургнетниот центар, доби кривична пријава за постоење на сомневање за запуштање, малтретирање на малолетно лице.

Бебето минатата недела имаше операција на главата поради крварења и е во стабилна состојба. Детето денеска е во друг дом одреден му е старател од страна на социјалните служби. Жената живеела во заедница со семејството на невенчаниот сопруг кој бил во затвор. Таа заминала од домот и во полицијата признала дека детето често пати било оставано само.

„Пријавената во периодот од 15 јуни до 6 јули во повеќе наврати на локации каде што престојувала го оставала без надзор и грижа своето едногодишно дете М. Д. и тоа се здобило со тешки телесни повреди“- велат од МВР.

Докторите кои го лекуваа детето објаснија дека детето имало и постари повреди по телото. Кривичната пријава е поднесена до Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top