Време е Македонија да направи историја, забрзано да продолжи на патот кон посветла иднина. Одговорот на таа шанса треба да го дадеме заеднички, никој место нас нема да донесе одлука.
Ова е пораката што ја испрати денеска од Пелинце премиерот Зоран Заев, обраќајќи се повод одбележувањето на двата илиндена.
Заев апелира граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември и да кажат „да“ за идните генерации и за иднината на Македонија, рече дека Договорот со Грција е патриотски и дека со него се зачувуваат македонскиот идентитет, јазик и државјанство и повика на единство, наместо на поделби.
Според него, мораме да гледаме напред, времето пред нас умно, храбро и посветено да го искористиме. Имаме историска шанса Македонија да ја извелечеме од долгогодишната криза и да ги решиме длабоките проблеми. Светот едногласно ја поддржува новата политичка страница на Македонија која води кон квалитетен живот на сите во земјата.
– Да ги запреме сите поделби, да се обединиме внатре и со европското семејство за да имаме утре. Пред неколку дена го потврдивме датумот за референдумот – 30 септември. Тоа е денот на нашата нова историска одредница, денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО. Секој од нас поединечно ја има шансата да ја донесе оваа голема одлука. Сега е моментот. Државотворните народи препознааваат вакви историски моменети, во вакви моменти не се седи дома, не се молчи, туку шансата треба да се зграби храбро, одлучно, достоинствено, напомена Заев.
Иднината, истакна премиерот, е вистинскиот избор, секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата, а со тоа и за иднината на својата земја.
– Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба да изберете. Излезете и изберете. Демократскиот избор на граѓаните мора да се почитува, нивниот став е конечен. Уверен сум дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, дека ќе го избереме патот што води напред. Никој не може да не споре, одлучни сме и решителни Македонија да успее и ќе успее, подвлече премиерот.
Според него, доста беше зробена држава, кринимал, корумпирано судство, купени медиуми, политичка мафија.
– Доста е небиднина, ќе избереме иднина, време е за иднина наместо небиднина. На 30 септември ќе ги одбиеме мракот, криминалот, незивесноста и изолацијата. Ве повикувам сите да кажете со гордост „да“, да кажеме „да“ за гарантирана стабилност и безбедност преку членство во НАТО, за признат и потврден идентитет, јазик и култура. Ние сме „за“, за нас, за нашите идни генерации, за иднината на Македонија, порача премиерот Зоран Заев од Пелинце.
Премиерот напомена дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита.
– Заедно ја испишавме историјата, заедно ќе ја градиме иднината. Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на двата Илиндена, од перспектива на оваа 2018 година неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда – да ја градиме Македонија како држава на сите граѓани, да градиме едно општество за сите, рече Заев.

-Или ќе продолжиме напред или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек, собранискиот спикер Талат Џафери илинденското чествување го искористи да повика на поддршка за референдум за промена на името на Македонија. Побара и опозицијата да преземе дел од одговорноста.
– Денес кога ги одбележуваме двата Илиндена би сакал да апелирам до сите граѓани, до сите лидери на политички партии и до моите колеги пратеници да бидат вистински одговорни и визонерски и со моќта на својот глас да го поддржат исполнувањето на договорот со кој ќе се исполни стратешката цел кон ЕУ и НАТО – рече Џафери.
Свеченоста на плоштадот Македонија беше без славеничка еуфорија, освен делегации од државните институции и семејството на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, кои се поклонија пред неговиот споменик изостанаa обичните граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


