| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца вработени од МВР се најдоа на списокот на реисот Реџепи за прием кај кралот во Саудиска Арабија

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи нема никаков срам да ги лаже и властите во Саудиска Арабија, пишува порталот Алмакос. Извор од ИВЗ на Алмакос им даде документ од кој се гледа дека поглаварот на ИВЗ на листата за прием кај кралот на Саудиска Арабија дал листа од пет имиња, меѓу кои и двајца вработени во МВР.

Според списокот на кој има печат на ИВЗ на Македонија, сите петмина се имами на разни џамии. Но, според изворот на Алмакос, тоа не било вистина.

Двајца од списокот се вработени во МВР, ставени на располагање на поглаварот уште пред една година кога тој во полицијата пријавил дека има закани по неговата безбедност.

На списокот, според титулите на Реџепи се: Садат Јусуфи од село Свиларе, без точна назнака дали е тој учител или имам; Сабри Алија, имам од Шишево; Весел Махмути, учител од Скопје; Насер Османи, одговорно лице за џамија во Скопје и Синан Исмаил, одговорно лице за џамија во Моране.

Двајца од овие се лица врабитени во МВР и веќе една година работат како обезбедување на поглаварот Реџепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top