ЗОШТО ЌЕ ВЛЕЧАТ ЗА УШИ НА РЕФЕРЕНДУМ?
ЕДНОСТАВНО Е, ЗА ДА СИ ГО СОКРИЈАТ ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО! – посочи професорката Татјана Каракамишева на својот фејсбук профил.
Таа понатау додава:
Значи вака, иако многу работи, да не речам сее јасно како бел ден, мое е, наше е што правно повеќе ги разбираме работите да повторуваме, објаснуваме, прежвакуваме повторно и повторно за да превенираме секаква опасност луѓето во овие клучни моменти за државата да бидат (о)ставени во заблуда и забуна! Заблудата за и околу историскиов момент лесно може да прерасне возаблуда и забуна за иднината и за нашето национално разнебитување ако не реагираме на време и со здрав разум!
Да не биде после ама не разбравме добро затоа гласавме по инерција, или ете бевме поведени од силата на пропагандата која навистина е пуштена на илјадници децибели од дебили! Не, ќе немаме уште еднаш таков луксуз за правење наудрени иако за волја на вистината нашата нација знае да биде европски рекордер во тој спорт! Затоа, молам за внимание и сериозност при читањето на текстов!
Прво и основно треба да е јасно дека сите генерации што во моментов имаат избирачко право во земјата се ставени и исправени на пресуден крстопат на кој никогаш повторно нема да бидат ако се донесе погрешна одлука! А одлуката што ни ја токмат властопредавнициве е кобна за сите Македонци по род без разлика каде живеат или каде во моментов работат и престојуваат.
Во пакет, ситеќе бидеме приморани од „демокративе“ во име на некои као „повисоки вредности“ кои никој не ги гледа како дофатлива категорија, да прифатиме една идиотска вистина дека влезот во „демократското“ семејство, колку и да тоа изгледа очајно и трагикомично сегае правопропорционално поврзан со нашата итна, неодложна потреба да се самоукинеме, самоуништиме и така зомбирани да веруваме во некое подобро утре, секако со нови, лоботомирани северни мозоци!
Еве и да не сакам да отидам понатаму во објаснувањето на налудничавите тези, верувајте дека самиот пристап кон нас како кон живи битија, како кон луѓе навредува и потценува до бесвест!
Замената на тезите и извитоперувањето на вистината, на фактите, на меѓународните норми што важат за сите луѓе на земјината топка, ама не и за нас Македонците е тоа што го прави овој дегенски проект уште поболен и посрамен!
Во име на некаква демократија, иако и демократијата во моментов се наоѓа превртена во нејзиниот вечен гроб, се продава чист садизам, чиста садо-мазо егзибиција на пропаднатиот неолиберализам претставен преку подвижните скелети на малубројната „елита“ која ни се точка по институциите како на кванташки пазар, нудејќи бофал роба во замена за здрав разум!
Умислени дека се се уште дрматори на европската сцена тргнале во походот на конечно справување со најстарата империја во Европа, со народ запишан триесетина пати во Библијата, со луѓето потомци на генерациите што го донеле христијанството во Европа! Комплексите дека се луѓе со пониска историска вредност ги јадат од внатре нивните души како црви!
Оттука и им доаѓа потребата да не омаловажат до бесвест, да не згазат со цокулите, да не распнат на вечниот крст за никогаш повеќе глава да не успееме да дигнеме! Тоа е таа „демократска“ шизофренија која мантрачите на злите духови ни ја шират како вечна судбина и како вечна иднина!
Но, да се вратиме на суицидното дело за кое бараат од нас хвалоспевски да се изјасниме, а се со цел тие да останат чисти, а ние да бидеме прогласени за народ со крвави раце!
Демек еве ги самите си пресудија, сами на кол се набија! Ние не сме виновни за тоа! Ете тоа е таа расипана, во душата смрдена стратегија што удира од далеку на странска реа ама сепак мора дазвучи, да мириса на домашна, мора да мириса на нас самите, иако ние сме само статисти во нејзината подготовка и комплетна реализација!
Сега кога им треба сапун или течен шампон да си ги измијат крвавите раце од стореното геноцидно злосторство без срам и без перде ќе го викаат на помош народот што го убиваа на рати, пополека и садистички за да изгледа дека токму тој народ, всушност,се доутепал самиот, а тие фини либерално намирисани остануваат чисти и без дамки по нивните бели ракавици!
Ееее, нема да пројдете така нечепнати, вие љубители и подготвувачи на овој национален хорор филм во Македонија во повеќе продолженија! Вала нема така лесно да се измолкнете од сценариото! Па што мислевте бре дека Македонците се до тој степен луди што ќе ви дозволат дамачкате со вашите зли опашки по нивната историја, традиција и име? Не бе, не со тие куршуми „пријатели“!
Колку и да ви е желбата голема, а умот мал, ние Македонците ви ја прочитавме големата игра и верувајте нема да ви дозволиме таков Мулен Руж да играте со нас дури не држи умот, а богами и животот!
Во друг статус професорката таа испраќа порака:
Македонци!
Не чекајте од никој, ама од никој да ви каже што да правите со ВАШЕТО ПРАВО ДА ИМАТЕ СВОЕ ИМЕ, СВОЈ ИДЕНТИТЕТ, СВОЈА ИСТОРИЈА, СВОЈА ТРАДИЦИЈА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст