Поранешниот министер во владата на СДСМ и носител на разни функции во СДСМ, Ѓунер Исмаил при обидот на новинарите од „Алфа“ да гостува во нивното отворено студио, упатил јасни закани дека треба Телевизијата да се затвори.
Ова ексклузивно го откри новинарот-водител Горан Момировски во Отвореното студио на Алфа. Тој притоа го цитираше Исмаил дека да било до него, оваа телевизија до сега ќе била затворена.
Нејасно е зошто големиот демократ Исмаил ги упатил овие закани кон единствената телевизија која има различен став и е критичка кон власта по своето новинарско уредување, но сепак дава шанса и на сите оние кои сакаат да го искажат својот став а е различен од останатите.
Очигледно е дека додека беа во опозиција СДСМ зборуваа едно, а сега прават друго. Наместо да се создава доверба и позитивна атмосфера во општеството ваквите настапи на функционери на СДСМ не придонесуваат кон тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст