| четврток, 6 декември 2018 |

Венчавка во тајност: Џастин Бибер и Хејли Болдвин се веќе во брак?

После помалку од еден месец од свршувачката на Џастин Бибер и Хејли Болдвин на Бахамите, манекенката го замени својот огромен дијамант со венчален прстен.

По ова, веднаш се појавија шпекулации дека парот веќе се венчал, иако пејачот неодамна рече дека тоа е неговата „следна задача“.

Како и да е, се уште нема официјална потврда дека славниот пар се венчал, а се шпекулира дека манекенката го однела својот прстен за да го намалат или прошират, или пак дека одлучиле да го заменат, бидејќи Џастин Бибер се уште нема никаков прстен на својата рака.

Парот се уште не се огласи во врска со венчавката на социјалните мрежи, но некои организатори на венчавки велат дека Хејли веќе одлучила кој ќе ја однесе до олтарот, и тоа неколку дена после запросувањето на Бахамите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top