| четврток, 6 декември 2018 |

Донаторите на СДСМ си добија уште еден тендер за луксузни возила: Дали ова е причината поради која Бирото за јавни набавки молчи?

Уште еден тендер за набавка на возила за потребите на државните институции доби фирмата донатор на СДСМ, Делукс – Ауто од Куманово.

После низа скандалозни тендери кои и беа доделени на фирмата, вчера оваа фирма си доби уште еден нов тендер од власта. Овој пат кумановската фирма доби тендер од Бирото за јавни набавки, за набавка на возила  во вредност од 1.695.000 денари.

 

На огласот не е јасно изнесено каков тип на возило се  набавува и дали конкурирал уште некој импортер на возила, или пак Делукс – Ауто е единствениот увозник и дилер на возила во Република Македонија што ги исполнува сите услови.

Дали ова е причината поради која Бирото за јавни набавки молчи за сите скандали?

Имено фирмата Делукс – Ауто неодамна доби тендер од Централен регистар на Македонија во вредност од 8,3 милиони денари за набавка на 11 моторни возила.

Исто така минатата година, без тендер, во четири очи кумановската фирма направи зделка тешка еден милион евра со министерот за внатрешни работи кој воедно е од Куманово, Оливер Спасовски, за набавка на 45 Шкоди.

За само 7 месеци, оваа година, фирмата донатор на СДСМ има добиено тендери во изност од над 24 милиони денари или около 400.000 евра.

Како што може да се види од електронскиот систем на јавни набавки, оваа фирма откако СДСМ е на власт има добиено тендери во вредност од над 1,5 милион евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ неколку дена бараат одговорност за вакви скандалозни одлуки на власта и нивно постојано луксузирање на сметка на граѓананите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top