| четврток, 6 декември 2018 |

По пожарите: Ќе се уриваат над 3.000 дивоградби во областа Атика

Според Министерството за животна средина на Грција, во децентрализираната администрација на Атика постои листа со 2.500 дивоградби во шума, но и 685 дивоградби на брегот, кои според препораките на катастарските шумските служби треба да се урнат, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос.

По катастрофалните пожари минатиот понеделник со над 90 жртви, во Грција се уште се бараат причините зошто толку луѓе трагично загинаа, а многумина сметаат дека освен лошите временски услови, силниот ветер и брзината на пожарот, своја, негативна улога одиграа и дивоградбите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчката Влада најави дека ќе започне со уривање на сите објекти изградени без соодветна дозвола.

– Се работи на тоа листата да добие приоритет и како што и самиот премиер кажа, ќе направиме се што е неопходно, ќе се конфронтираме со кој било, ако е потребно за да ја заштитиме и Атика, но и целата земја од веројатноста за една нова ваква природна катастрофа во иднина, рече Ѕанакопулос.

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис, денеска изјави дека се забрзува процесот за уривање на дивоградбите во Атика. За денеска е предвидено соодветните измени во Законот да бидат доставени до грчкиот Парламент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top