| четврток, 6 декември 2018 |

Тажна слика во центарот на Охрид (Фото)

Големи количини ситен отад, во најголем дел хартија и пластична амбалажа го прекриваат центарот на Охрид секое утро. Во најголем дел тоа е околу пекарниците и продажните места за храна во градот.

Наместо да го одложат во корпа купувачите по јадењето отпадот го оставаат кај ќе стигнат, пишува порталот „Охрид њуз“.

Проблем има и на туристичките локалитети. Локалните водичи и агенции алармираат дека дел од нив се запоставени или не се одржува хигиената соодветно.

Таков е случајот за Античкиот театар каде група јапонски туристи на прошетка со водич вчера утрото затекнала грда слика на расфрлан отпад, јавува „Охрид њуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top