Светската недела на доење, традиционално, се одбележува од 1 до 7 август, со годинешното мото „Доењето основа на животот“.
Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за детски болести, Здравствен дом Скопје, Заводот за здравствена заштита на мајките и децата, како и останатите јавни здравствени установи реализираат повеќе активности, потенцирајќи ја важноста на доењето.
За таа цел, годинава се отпечатени брошури и постери за бремени жени на македонски и албански јазик за важноста на доењето, воспоставување на доењето и знаци на успешно доење, по што ќе следи нивна дистрибуција преку патронажните сестри, матичните гинеколози и породилиштата. Исто така, во тек е дистрибуција на постери и флаери за важноста на доењето, преку превентивните служби, породилишта и детски болници, со цел жените уште во текот на бременост да ги добијат потребните информации.
Во рамки на Програмата на Министерството за здравство за активна здравствена заштита на мајките и децата, во континуитет се реализираат обуки за здравствени работници (патронажни сестри, педијатри, неонатолози, медицински сестри) на актуелни теми поврзани со доењето, како што се: правилно воспоставување на доењето, справување со најчестите проблеми при доење, како и важноста на психосоцијалната поддршка на доилките.
По повод одбележување на Светската неделата за доење, на Клиниката за детски болести ќе се дистрибуираат брошури, постери и флаери, а воедно ќе бидат организирани и предавања за придобивките и предизвиците на доењето. Во рамки на предавањата, мајките ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и ќе се дискутира за предноста и бенефитот на мајчиното млеко. На почеток на следната недела е предвидено и предавање за медицинските сестри, во делот на обезбедување помош при доењето, а воедно ќе бидат презентирани и протоколите за доење за специфични пациенти (прематурни новороденчиња, деца со хипотонија и деца со расцеп на непце).
Исто така, во организација на Здравствен дом Скопје, во соработка со невладиниот сектор е реализирана работилница за патронажни сестри, посветена на „Значењето на доењето за раниот детски развој, вештини на комуникација при советување за доење и поддршка за успешно воспоставување и одржување на доењето“, на која учествуваа патронажни сестри од целата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст