Терапевтите со векови ја нагласуваат важноста на морската вода и морската сол. Со оглед на тоа што морето има иста pH вредност како здравата крв, ги содржи сите важни минерали и елементи и е квалитетен извор на минерални хранливи супстанции.
Кога телото поминува време на море, организмот добива ретки елементи кои најчесто ги нема во секојдневната современа исхрана. Свежата морска вода ја поттикнува размената на минерали и отрови помеѓу нашето тело и водата.
Медитеранската клима, ветерот, сонцето, ароматичните растенија и присутноста на етерични масла, натриум- хлорид, флорид и јод, ги полни батериите на човекот и го ослободува од секојдневниот стрес.
Ситните честички на сол во воздухот патуваат до најдлабоките предели на белодробните алвеоли. Олигоелементите и минералите како што се магнезиум, манган и кобалт продираат во организмот од морето и го засилуваат природниот имунитет.
Дневното нуркање е исто така добар начин на којшто телото може да добие солена детоксикација и хидротерапија. Морската вода ги содржи сите лековити минерали и затоа морското капење и’ овозможува на кожата детоксикација и обновување.
Освен тоа, морето има големо електромагнетно енергетско поле, па затоа капењето во отворени морски води му овозможува на човечкиот организам да воспостави природна рамнотежа.
Исто така, брановите и струјата на морето го масираат целото тело и на тој начин го отстрануваат целулитот.
Еден од најважните елементи во траговите од морето е јодот. Недостатокот на јод може да доведе до хроничен умор, но и до зголемена склоност кон инфекции, мускулна слабост, зголемено чувство на студеност и забавени рефлекси.
Посетата на море е еден вид рехабилитација на организмот која е неопходна барем еднаш годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст